Колинда Грабар Китаровиќ, актуелната претседателка на Хрватска која влезе во трка за втор мандат сè повеќе губи од рејтингот и тоа поради бизарни причини, пишува хрватски ,,Јутарњи“.

Иако анкетите во моментот се на страната на Китаровиќ и таа води со 10 проценти пред кандидот на социјалдемократите, Зоран Милановиќ, нејасната кампања, проблематичните изјави на Колинда, но и на нејзината фризерка, како и надолниот тренд на анкетите, го доведуваат во прашање влезот во вториот круг, а не само победата.

Имено, познатата загрепска фризерка, Рената Виншек, која се грижи за фризурата на Грабар Китаровиќ, пред три дена напиша скандалозен ФБ статус за сопругата на третопласираниот според анкетите претседателски кандидат, Мирослав Шкоро.

Виншек објави дека ако победи Шкоро, чија сопруга Ким Ен има српско-американско потекло, таа ќе се пресели во Америка.

Тажно. Ако прва дама на Хрватска бидете случајно Вие госпоќо Ким со српски крвни зрнца, венчани во православна црква, тоа ќе биде светски преседан, а мојата Хрватска ќе има прва дама со српско потекло. Не можам да го сокријам моето разочарување. Па јас ќе бегам во Америка, каде што бевте Вие за време на татковинската војна“ напиша фризерката на актуелната претседателка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.