Да присуствуваш без да бидеш дел, можеби членството во ЕЕЗ за балканските земји е пореално од членството во ЕУ – изјава и на блкизок соработник на Меркел.

Понекогаш идејата се уште опстојува, но очигледно во последно време никој повеќе не верува во проширувањето на Eвропската Унија кон шесте држави од западен Балкан. За поедини од нив во престојнава деценија тоа е мошне нереално. Дури и со 27 членки, на Европската Унија не и е воопшто лесно да носи одлуки кога станува збор за прашања од финансиите, буџетирањето и надворешната политикa, а за една Унија од 33 членки тоа ќе биде уште потешко. Можеме да си претпоставиме, што би значело кога држава како Србија би имала право на глас во однос на прашањето каков однос треба Унијата да има со Русија. Но, на Европската Унија не може да и биде сеедно како се развиваат соседите на нејзините земји-членки од Балканот, пишува во анализа на прстижниот германски весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Бидејќи ова станува нереално, се поставува прашањето која понуда ќе им ја дадат ЕУ и нејзините земји членки на балканските држави, а која истовремено ќе биде реална, но од друга страна ќе биде доволно атрактивна за регионот, за да се спречат авторитарни тенденции и да се овозможи реформските процеси да се одржат или на одредени места да заживеат. Рецептот што постојано се повторува гласи: да се земат балканските држави како членки на Европската Економска Зона. Поинаку кажано, ќе имаат економски и пазарно учество без право на политичка одлука во Европската Унија.

Дел од оние коишто се особено гласни за овој концепт е и долгогодишниот европски преставник, Елмар Брук кој доаѓа од ЦДУ и е близок соработник на германската Канцеларка, Ангела Меркел. Во неговото скоро четири децениско присиство во Европскиот парламент, од 1980 година наваму, Брук бил сведок на шест проширувања на Европската Унија. Тој посочува дека францускиот претседател Макрон има право кога вели дека треба да има реформи на Европската Унија пред нови проширувања.

Дури и да успее одредена балканска држава да ги заврши пристапните преговори како што тоа го бара Европската комисија, ратификацијата на пристапување во Европскиот парламент и во националните парламенти е речиси неверојатно. За очекување е дека одредени земји членки ќе наоѓаат причини за одолговлекувањето на пристапувањето. Преку тоа, разочорувањето кое ќе се појави во западен Балкан отвора врата за зголемено влијание на Русија, Турција, арапските држави и Кина во регионот. И тоа не може да биде во интерес на Европската Унија – вели Брук.

Оттука, потребни се реални, меѓу-решенија кои на луѓето од регионот ќе им овозможат низа поволности и со што тие ќе почуствуваат промени. За такво нешто постои еден начин: Членство во ЕЕЗ. Државите од ЕЕЗ имаат целосен пристап до европскиот пазар со сите права и обврски и за нив важи европското право. Но, тие не се дел од инстируциите на Европската Унија. Ова функционира со Новрешка, Исланд и Лихтенштајн, при што постои взаемно задоволство. ЕЕЗ е основана 1994 година со цел се имплементира влијанието на европскиот заеднички пазар врз државите членки на ЕФТА. Шведска, Австрија и Финска по пристапувањето кон ЕЕЗ успешно станаа членки и на Европската Унија. Други држави, како Норвешка, не се одлучија кон последниот чекор – пристапување кон ЕУ. Припадноста кон ЕЕЗ е на некој начин, камен темелник. Кој од таму би сакал да продолжи кон целосно членство во Европската Унија тоа може да го направи, бидејќи за пристап во ЕЕЗ е потребно да се исполнат и до 70% од потребните критериуми за влез во ЕУ. Па така, патот до Унијата од таму и не е така далечен, пишува весникот.

Обвинувањата на балканските држави дека понудата за влез во ЕЕЗ е членство од втора класа и за тоа се одбива, Брук ја објаснува на следниов начин. Како прво, опцијата за целосно членство во Еу, реално гледано, за многу години од различни причини е нереална и понатамошниот  стремеж, може само да предизвика разочарување. Членството во ЕЕЗ, од друга страна, е значаен, но и реален чекор кој на државите членки на Европската економска зона им овозможува бројни предности, а за луѓето од Балканот носи големи подобрувања.

Но, дали стопанствата од западниот Балкан би можеле да го издржат притисокот на Европскиот заеднички пазар? Дали не постои опасноста цели сектори да потпаднат под притисокот на пазарно посилните европски корпорации, кога пазарите би се отвориле без ограничување? Тоа, според Брук, сепак се решава со асиметрични решенија.

Пазарите нема веднаш целосно да се отворат, одредени сектори би се штителе во повеќегодишен период. Во тој период, ќе се зголеми компетитивната способност на погодените сектори, преку европските фондови – вели Брук.

Тој посочува дека сите источно европските држави, кои со слаби економии пристапуваат на ЕУ доживуваат робустен, во дел и огромен економски раст.

Иако, идеите на Брук со години кружат, треба да се каже, тие во јавниот дискурс на балканските држави се потценети. Таму, „проевропејците“ се се уште во исчекување на целосно членство во Унијата. Еврокомесарот, Оливер Вархеј ја препознава реалноста, но, сепак вели дека, целосното членство е возможно, кога државите членки со сопствени сили би го оствариле.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.