Фотографијата на српската пејачка Јелена Карлеуша во кабината за вакцинација стана вирална на интернет, и го обиколи светот. Имено, фотографијата на која популарната пејачка исплашено гледа во толпата фоторепортери и сниматели кои се натпреварувале за што подобар кадар, заврши на централната насловна страница на австрискиот дневен весник „Heute“. Дури и Флоријан Бибер имал коментар на фотографијата.

Освен што Карлеуша, откако ја прими првата доза од вакцината „Фајзер“, се најде на насловните страници на странските медиуми, на социјалните мрежи, претежно на Твитер, корисниците почнаа масовно да ја споделуваат со духовити коментари.

Пејачката ја сподели насловната страница на спомнатиот австриски весник на Инстаграм, додавајќи во описот: Фотографијата на годината, станува глобално вирална.

А, судејќи според тоа колку пати е споделена на социјалните мрежи, Карлеуша очигледно е во право.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.