Александар Пешиќ(42) од Крагујевац, неговата мајка Станица и осумгодишните синови загинаа кај клучката за Пожаревац, кога на нивниот автомобил налетал фолксваген шаран, зад чиј волан бил финскиот државјанин Адем Асаил(49) наводно Албанец од Косово.

Трагедијата да биде поголема Александар и неговата поранешна сопруга, близнаците ги добиле по повеќегодишно лекување. Пред неколку години тие се развеле, а децата живееле со мајка им. Дошле на летен распуст кај татко им.

Инаку несреќата првично ја преживеа еден од близнаците, но за жал починал во болница.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.