Пратеничката Фљора Бровина, која на вчерашната седница на парлементот во Косово прикажа фотографии од српски војници како силуваат Албанка и дете, во прилог на Декларацијата со која се осудува геноцид над Албанците од страна на Србија, биле лажни, пренесуваат косовските медиуми.
Порталот Кошев пишува дека пратеничката на Демократската партија на Косово, на премиерот Харадинај, објавила фотографии симнати од ирачки порно сајт.
Сајтот Инсајдери од Косово пак, тврди дека на фотографијата се американски војници кои веќе биле осудени за силување во Ирак, а овие фотографии биле користени во доказна постапка.
На фотографијата во десниот агол горе, пишува ,,US Military crimes”, пренесува порталот Кочев.
Мрежата на косовските жени ја осуди постапката на пратеничката, наведувајќи дека со ова ги погазила принципите и навредила достоинството на сите силувани жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.