Скандалозна фотографија од гола пациентка заболена од Ковид-19 ја разбранува јавноста во Србија.
На фотографијата, што масовно се шири по социјалните мрежи, се гледа една жена гола до половината во еден од оградените простори за пациенти во белгардската Арена, којашто деновиве повотрно е претворена во ковид болница.
Притоа, тоа што најмногу ја вознемири јавноста е што, како што се чини, фотографијата е направена од видео снимка од една од надзорните камери во Арената.
По појавувањето на фотографијата во јавноста следуваа жестоки коментари од луѓе кои се згрозени што идентитетот и приватноста на оваа пациентка не се заштитени.
А, уште поголем проблем при објавувањето на фотографијата е тоа што, според зборивте на координаторот на Арената, д-р Влада Батножиќ, во неа се сместени пациенти со потешки случаи на запаление на едното или двете белодробни крила.
Не изостана ни одговорот од надлежните, па така од српското министерството за одбрана соопштија дека ги преземале сите мерки пропишани со закон по повод неовластеното фотографирање и објавување на социјалните мрежи на фотогхрафиите од пациентката во привремената ковид болница во Арената.
Од Министерството веднаш ги известиле надлежните органи со цел утврдување на идентитетот и законската одговорност на оние што ја загрозиле приватноста на пациентката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.