Во косовскиот парламент во тек е гласање за трите закони со кои се започнува процесот за трансформација на Косовските безбеднсони сили во војска на Косово.

Од вкупно три закони, до сега се усвоени два закона, еден за трансформација на Министерството на КСБ во Министрество за одбрана и друг по кој на КБС и се доделуваат војни задолженија, како на сите војски во суверените и независни земји.

Главниот град на Косово утрово, пред гласањето во Собранието за формирање на војска на Косово, е закитен со знамињата на земјите кои ја поддржаа државата во тој процес, јави дописникот на МИА од Приштина.

Покрај косовските и бројните американски знамиња, кои беа истакнати уште во средата во центарот на Приштина и долж булеварите „Џорџ Буш“ и „Бил Клинтон“, од денеска се веат и знамињата на Велика Британија и Германија, државите кои експлицитно го поддржаа формирањето на војската на Косово.

Покрај нив, истакнати се и знамињата на другите две земји од таканаречената „петорка“, Франција и Италија.

Во косовското Собрание во тек е седницата на која се заокружува законската рамка за трансформација на сегашпните Безбедносни сили во Војска на Косово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.