Српската полиција вчера го почна претресот во домот на поранешната државна секретарка во српското Министерство за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, која беше приведена за прикривање на докази околу убиство во Белград, кое се поврзува со криминалниот клан воден од Вељко Беливук.
Во станот, помеѓу останатото, бил пронајден сеф со десетици илјади евра во кеш, пренесуваат српските медиуми.
Кога полицајците влегоа во станот не можеа да поверуваат во какво богатство и луксуз живее поранешната државна секретарка. Сè опкружено со мермер, со лукузен мебел, сауна, најскапи хидромасажери, па дури и фонтана на балконот, пишува српски „Курир“.
Хркаловиќ допрва ќе треба да објасни како се стекнала со нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.