Еден напаѓач беше убиен во престрелка со албанската полиција, откако вооружени разбојници украле пари од комби на меѓународниот аеродром во Тирана, во најновиот од серијата грабежи на аеродромот.
Неидентификувани вооружени напаѓачи влегле во меѓународниот аеродром преку помошна врата, и ги украле торбите со банкноти од комбе од кое требало да бидат префрлени во авион, по што веднаш побегнале.
Во потерата по нив, дојде до претрелка во која еден од разбојниците бил убиен, додека другите ограбувачи очигледно успеале да побегнат.
Ова не е прв ваков грабеж на аеродромот.
Во февруари 2017 година, крадците успеале да избегаат со 3,2 милиони евра во сличен грабеж, додека во јуни 2016 година биле украдени уште 995.000 евра. Во 2015 година имаше уште два грабежи.
Според непотврдени информации денеска крадците успеале да однесат 1,5 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.