Фејсбук-страницата на албанскиот премиер Еди Рама е блокирана, откако во Тирана пристигна претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Страната е блокирана во момент кога во живо се пренесуваше свеченот пречек на Лајен. Причините засега се непознати – пренесува Ора њуз.
Рама ја пречека претседателката на ЕК во Палатата на бригадите, по што Фон дер Лајен имаше средба со него, а потоа и со шефот на државата Илир Мета.
Лајен и Рама ќе учествуваат на свеченото предавање во употреба на реконструирани училиште и градинка, оштетени од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември 2019 година, обновени со средства од фондовите на ЕУ во рамки на програмата „EU4Schools“, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.