Од денеска фабриките и продавниците во Словенија се отворени, по повеќенеделната забрана за работа поради коронавирусот.
Се отвораат неколку поголеми фабрики, како и автомеханичарските работилници, вукланизерите, поголемите градилишта и продавниците за градежен материјал и бела техника.
Одговорноста за сигурна работа е кај работодавачите кои мора да се организираат според препораките на властите.
Според официјалните податоци, бројот на заболени во Словенија опаѓа. Од 554 тестирани вчера само седум биле позитивни на Ковид-19.
Вкупно се заболени 1.212 луѓе, починале 55, а излекувани се 152.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.