Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел повика на деескалација на тензиите меѓу Косово и Србија и продолжување на преговарачкиот процес.

Време е Србија и Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти, да направат чекор назад и да придонесат за деескалација, вклучително и повлекување на специјалните полициски единици и барикади и да продолжат преговорите по предлог на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак – порача Мишел на Твитер.

Мишел додаде дека бил во близок контакт со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.