Група од 11 пратеници од Европскиот Парламент ја осудија одлуката на Србија да одржи избори на 21 јуни, поради тоа што датумот беше утврден без консензус со опозицијата. Пратениците од либералната група Обнова на Европа во која спаѓаат партии како Ен Марш на францускиот претседател Емануел Макрон и ВВД на холандскиот премиер Марк Руте, велат дека ваквата одлука довела до бојкот на изборите од страна на опозициските партии.
 Жалиме за одлуката парламентарните избори да се одржат на 21 јуни и отсуството на договор за изборен датум меѓу Владата и опозицијата, со кој ќе можеше да се избегне бојкотот на изборите од страна на дел од опозицијата. Со договор меѓу партиите ќе се зголемеше и легитимноста на изборите. Да бидат нештата уште полоши, поради нееднаквиот пристап до медумите, притисоците врз поединци и граѓански организации кои се критични кон актуелната власт, Србија неодамна беше прогласена за хибриден режим. Затоа веруваме дека избори оддржани под вакви околности ќе бидат далеку од фер и демократски, велат пратениците, меѓу кои е и известувачот на Европскиот Парламент за Македонија Илхан Кучук.
Исто како и Македонија, и Србија беше прогласена за хибриден режим од страна на организацијата Фридом Хаус. Писмото е упатено до комесарот за проширување Оливер Вархеји, од кого се бара сериозно да посвети внимание на состојбата во Србија.
– Имајќи го предвид стратешкиот интерес на Европа за стабилност и просперитет на Западниот Балкан, и особено на Србија, ве повикуваме да бидете максимално активен во однос на актуелниот развој на настаните во Србија, и соодветно да се осврнете на нив во претстојниот извештај на Комисијата. Ве повикуваме да ги потсетите српските власти дека треба безусловно да ги исполнат обврските кои ги преземаа пред неизбежните парламентарни избори, пратениците додаваат во писмото.
Ова е второ вакво писмо упатено до Вархеји со слична тематика, откако претходно до него се обратија и социјал-демократските пратеници.
Македонија е во слична состојба како и Србија, со обидите на владејачката партија СДСМ да испровоцира избори во јуни, без да почека целосно стабилизирање на состојбата со корона вирусот и без постигнување согласност со опозицијата, која предлага изборите да се одржат во август или септември. Анкети покажуваат дека повеќето од граѓаните не се подготвени да излезат на избори во јуни, со што се отвараат сериозни прашања за легитимноста на такви избори – доколку СДСМ остане непопустлив во својата намера да направи „корона избори


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.