Европската унија негира дека изградбата на жичаната ограда на границата меѓу Србија и Македонија е дел од некој договор со Белград.
Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонро, изјави дека Брисел им дава значителна финансиска и техничка помош на партнерите од Западен Балкан кога станува збор за управување со миграциите, а за таа цел во 2015 година издвои повеќе од 100 милиони евра за Србија.
– Сепак, тоа финансирање не вклучува изградба на огради, кои, како што беше погрешно објавено, не се дел од ниеден договор со ЕУ, истакна Писонро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.