Портпаролот на Европската Комисија, Петер Стано, изјави дека не е запознаен со нон-пејпер од словенечкиот премиер Јанез Јанша за промени на границите на западниот Балкан, и ја повтори официјалната позиција на Европската Унија.

-Не сме запознаени со нон-пејперот, ги забележавме медиумските извештаи но треба прашањето да се постави во Советот или кај нашите словенечки партнери, не сме виделе и не сме запознаени со таков документ и не коментираме за наводната содржина на тој нон-пејпер, она што можам да го кажам е дека позицијата на ЕУ е јасна по прашањето на границите, ништо не треба да се менува, изјави Стано.

Тој додаде дека процесот на проширување на ЕУ има за цел да поттикне регионална соработка и помирување во регионот.

-Процесот да не оди во опасни области, како таа, и да се држиме до ЕУ законодавството и принципите на ЕУ, изјави Стано на денешниот редовен брифинг за новинарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.