Три спасувачки тимови од Европската унија веќе ги мобилизира Брисел по земјотресот во Албанија.

Од Канцеларијата на ЕУ во Тирана соопштија дека е мобилизиран Европски механизам за цивилна заштита за помош на Албанија во справување со последиците од силниот земјотрес. Тие нагласуваат дека се достапни и дополнителни средства од ЕУ.

Тимови од Италија, Грција и Романија веќе се во Албанија, а помош понудија и Унгарија, Германија, Хрватска, Франција, Естонија и Чешка – се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.