ЕУ подготвува можни санкции против Турција, со надеж дека ќе изнуди отстапки во борбата на Анкара со Грција и Кипар околу резервите на гас во Медитеранот. На следната средба на претседателите на држави и влади на ЕУ на дневен ред ќе биде списокот на можни санкции против Турција, објави Дојче веле.

ЕУ во Брисел моментално работи на поттикнување на тоа спорните дупчења во потрага за земен гас во источното Средоземно море, да се ограничат на своето територијално море.

Грција и Кипар сметаат дека Турција ја загрозува нивната безбедност и уште кон средината на јули се потрудија ЕУ да се позанимава со можни санкции против Турицја. Но, спорот и натаму ескалира. Во меѓувреме одржани се воени вежби, а се зборувало и за „причините за војна“.

Министрите за надворешни работи на ЕУ сметаат дека е неопходно да се даде налог за составување список на можни конкретни санкции. Тоа кон крајот на августи го сториле. За тие санкции ќе се одлучува на следниот состанок на 24 септември, најави комесарот на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.