ен Балкан за да набават вакцини од ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Комесарката задолжена за здравство во ЕУ утрово пред европратениците реферираше за состојбата со вакцинацијата во ЕУ, но и во третите земји партнери на ЕУ со понизок приход, меѓу кои и западнобалканските.

Кириакидес изјави дека преку Ковакс, глобалниот механизам за набавка на вакцини, каде ЕУ е најголем донатор, ЕУ ќе им помогне на земјите од западен Балкан да се вакцинираат приоритетни групи како што се здравствените работници и ранливите лица.

-Ќе обезбедиме грант од 70 милиони евра за Западен Балкан за да можат да купат вакцини од земјите членки на ЕУ. Работиме и со Светската здравствена организација да обезбеди веднаш поддршка од 50 милиони евра за вакцинска подготвеност на Западен Балкан и во земјите од соседството, изјави еврокомесарката за здравство.

ЕУ се залага за поддршка на земјите со понизок приход да добијат брзи и ефикасни вакцини, но процесот се движи бавно. Македонија доби ветувања од две соседни земји членки на ЕУ, но вчера земјата вакцините ги доби од Србија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.