Европската унија им порача на властите во Подгорица дека внимателно го следи развојот на случувањата во Црна Гора, особено во Будва, со повик до сите инволвирани страни да покажат воздржаност и да го почитуваат владеењето на правото.

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро Хернандес истакна дека сите евентуални повреди на законот треба да ги решаваат надлежните локални власти, согласно националното законодавство и релевантните меѓународни стандарди.

– Како што е претходно соопштено, ЕУ ги повикува сите политички актери да покажат почитување кон владеењето на правото и демократските принципи, и да покажат политичка зрелост со цел сами да најдат одржливо решение за актуелната ситуација, преку дијалог и во духот на меѓусебно почитување, порача Хернандес



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.