Високиот претставник на Европоската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска изјави дека имал долги и позитивни разговори со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој побарал од него да не охрабрува понатамошното движење на бегалците и мигрантите кон европските граници.
Борел му рекол на Ердоган дека сегашните случувања по европските граници се неприфатливи.
ЕУ обезбеди 60 милиони евра хуманитарна помош за најранливите лица и за ситуацијата во северна Сирија, рече европскиот официјален претставник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.