Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, денешната посета на Тирана ја заврши вечерва со едночасовната средба со премиерот Еди Рама.
Во врска со пораките кои ги донел во Албанија, преку соопштение информираше американската амбасада, во кое се наведува дека „фокусот на САД бил ставен на борбата против корупцијата и неказнивоста“.
-За време на неговите средби, заменик-помошникот секретар Ескобар ѝ се заблагодари на Албанија за силното партнерство со САД и ја потврди силната поддршка на САД за членството на Албанија во ЕУ. Ескобар го истакна фокусот на САД на борбата против корупцијата, неказнивоста и напорите за поткопување на демократијата на Западен Балкан, стои во соопштението.
Се додава дека го поздравил натамошното зајакнување на односите меѓу САД и Албанија, одбранбена соработка како сојузници на НАТО и создавањето повеќе можности за трговија и инвестиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.