Американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, порача дека неговиот главен приоритет е намалување на тензиите на северот на Косово.

Ваквата порака Ескобар ја испрати од Брисел по средбата со специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалогот Србија-Косово, Мирослав Лајчак. Во Брисел, Ескобар имаше и одделни разговори со шефовите на преговарачките тимови на Белград и Приштина, Петро Петковиќ и Бесник Бислими.

Тензиите во моментов се многу високи – предупреди Ескбар по состаноците.

Според него, мора да се најде решение за регистарските таблички и важно е страните да се вратат на дијалогот за да продолжат разговорите со цел да се решат сите отворени прашања.

Ескобар нагласи дека дошол во Брисел за да ги поддржи напорите на ЕУ да најде итно решение за смирување на сегашните тензии на Косово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.