Албанската опозиција вечерва протестираше пред Парламентот во Тирана, а ситуацијата ескалираше со обид за влегување на демонстрантите во законодавниот дом, каде во моментот се одржуваше седница. Демонстрантите фрлаа тврди предмети врз полицијата, која одговори со солзавец.

Протестите траат веќе неколку часа, а беше нападнат и министерот за туризам Бенди Кљоси. Не дадоа плод ниту апелите од надлежните да се прекине со насилни дејствија. На седницата не присуствуваше премиерот Еди Рама.

Состојбата ескалираше кога се обратија лидерите на декомкратите Љуљзим Баша и на социјалистичкото движење за интеградија Моника Круемади (сопруга на претседателот Мета), кои истакнаа дека со Рама ќе има битки се додека не замине од власт.

Ситуацијата во моментов е мирна, но и натаму има неколку стотици демонстранти пред Парламентот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.