Турција за неколку дена почнува со нова воена операција источно од реката Еуфрат во Сирија , најави денеска претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Ваквиот потег на Турција може дополнително да ги ископликува односите со САД.

Анкара и Вашингтон веќе подолго време не се согласуваат со политиката на Турција кон Сирија и нивната борба против курдите , кои за САД се сојузници.

,, Ќе почнеме операција за да го исчистиме истокот на Еуфрат од сепаратистичките терористи за неколку дена. Наша цел никогаш не биле американските војници.Овој чекор ќе овозможи отворање на пат за политичко решение и за здрава соработка”, рече Ердоган во обраќањето на националната телевизија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.