Турција нема да ги запре подводните истражувања на континенталниот гребен со бродот „Оруч Реис“, изјави во саботата претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган.

Никогаш нема да се поклониме на разбојништвото во нашиот континентален гребен. Нема да се повлечеме против јазикот на санкциите и заканите, рече турскиот шеф на државата во својот говор.

Претходно, Грција ја обвини Турција за кршење на нејзиниот континентален гребен и побара да престане со својата мисија што треба да трае до 23 август.

Во меѓувреме, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Анкара е подготвена да одговори на грчките „провокации“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.