Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред дводневната поста на Босна и Херцеговина изјави дека Турција го нема тој луксуз од далеку да ги набљудува случувањата на Балканот.

На аеродромот во Истанбул тој порача дека мирот и стабилноста на Балканот се многу значајни за неговата земја.

Мирот, стабилноста и просперитетот на Балканот за нас се многу важни. Нашата земја го нема тој луксуз од далеку да ги набљудува случувањата во овој регион, рече Ердоган.

Ердоган денес доаѓа во дводневна посета на БиХ во рамки на која утре ќе присуствува на самитот на Процесот на соработка во југоисточна Европа (СЕЕЦП) со кој претседава БиХ.

Се очекува Ердоган денес во Сараево да се сретне со делегација на турската воена мисија која дејствува во рамки на ЕУФОР во БиХ.

Ердоган ќе го посети и гробот на првиот претседател на Претседателството на БиХ Алија Изетбеговиќ, кој беше негов близок пријател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.