Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција се смета себеси за неразделен дел од Европа.
Обраќајќи им се на членовите на неговата владејачка партија, Ердоган порача дека Европската Унија треба да ги исполни своите ветувања за решавање на проблемот со мигрантите и да ја прими Турција во Унијата.
Според Ердоган, Турција одлучила да ја фаворизира Европа сè додека не ја принудат да гледа на поинаков начин.
Паметете ги своите ветувања дадени на нашата земја, од полноправно членство до прашањето за бегалците. Да воспоставиме поблиска и поефикасна соработка заедно – порача Ердоган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.