Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган беше првиот странски лидер што му ја честиташе победата на Кирјакос Мицотакис, по денешните парламентарни избори, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, Ердоган му честитал и му посакал успех на Мицотакис во водењето на земјата, а лидерот на Нова демократија и нов премиер на Грција му се заблагодарил и рекол дека очекува одново отпочнување билатерални односи врз основа на почитување на меѓународното право и со дијалог во корист на двата народи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.