Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, најави дека ќе воведе построги мерки за спречување на ширење на коронавирус, меѓу кои и делумно затворање на земјата за време на викендите.
Според турскиот портал „Хуријет“, тоа може да значи дека за време на викендите на граѓаните ќе им биде дозволено слободно движење само од 10 часот наутро до 20 часот навечер.
По владината седница, Ердоган соопшти дека училиштата ќе останат затворени до крајот на годината, а рестораните ќе работат само за достава на храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.