По соопштувањето на изборните резултати од страна на Централната изборна комисија, до лидерот на Социјалистичката партија, Еди Рама пристигнаа и првите честитки.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во текефонски разговор му честитаа на Рама за постигнатиот резултат, со кој обезбедува трет последователен мандат.

Честитки за изборниот резултат Рама доби и од италијанскиот министер за надворешни работи Ди Мајо и лидерот на италијанската опозиција Матео Салвини.

На плоштадот Скендербег се одржува прослава на победата каде Рама се појави заедно со сопругата Линда. Тој претходно повика да присустува „секој кој сака да ја прегрне победата“.

Во седиштето на Демократската партија Љуљзим Баша одржува средба со претседателите на општинските организации.

Во меѓувреме членот на претседателството на ПД, Фатбард Кадили, побара оставка од Баша од лидерската функција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.