Ердоган: Ме бараат да ги затворам границите, јас им велам доцна е!

Балкан 02.03.2020 / 15:12

Турција нема да ги затвори своите граници со ЕУ за сириските бегалци, соопштил турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Ми се јавуваат и велат: затворете ги границите. Јас им велат: доцна е. Западот треба да го подели товарот на одговорност за бегалците. Денес ќе имам состанок со премиерот на Бугарија, утре со Меркел. На дневен ред се 4-5 самити за Сирија”, рекол Ердоган во Анкара.

Турција по заострувањето на ситуацијата во сириски Идлиб соопштила дека повеќе не може да го задржува бранот бегалци и ги отворила своите граници со ЕУ, каде потоа тргнале неколку илјади мигранти. За три дена Грција забележала околу 20.000 обиди за премин на границата, каде има стотици полицајци и војници.

Претходно шефот на дипломатијата на Грција, Никос Дендиас изјавил дека Турција води кампања на дезинформирање и зборува за десетина илјади мигранти кои влегле во Грција, што не е точно. Министерот на полицијата на Турција, Сулејман Сојлу, за време на викендот соопштил дека границата ја минале повеќе од 76.000 мигранти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.