Во Сараево денеска се одржува свадбата на годината на која кум е лично турскиот престедател Реџеп Таип Ердоган. Се мажи ќерката на босанскиот политичар Бакир Изетбеговиќ, Јасмина за нејзиниот избраник Ќамил Хумачкиќ.

Младенците денеска имаа шеријатска венчавка во Беговата џамија во Сараево, а вечерва следува граѓанската венчавка и забавата од нешто повеќе од половина милион евра.

Сараевските медиуми ги објавија деталите за венчавката на која главен гостин е турскиот претседател Ердоган со семејството кој е венчален кум на младенците.

Босанските медиуми објавија дека Јасмина и Ќемил на свадбената веселба ќе имаат околу 250 гости кои пред влезот во хотелот во кој се одржува забавата, ќе мора да ги остават мобилните телефони. Поканите се чипирани и нокој освен поканетите не може да влезе на прославата.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на свадбата во Сараево е со сопругата Емине, синот Билал и снаата Рејхан. Билал и Рејхан се долгогодишни пријатели со Јасмина Изетбеговиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.