Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја посети Аја Софија, откако пред неколку дена потпиша указ да го направи светски познатото здание џамија.
Тој на својот профил на Инстаграм сподели фотографии од Аја Софија.
Аја Софија ќе биде отворена за муслиманите, христијаните и странските државјани, но Турција го искористи своето суверено право да ја прогласи за џамија и секоја критика на оваа одлука ќе се смета за напад врз нашата независност, рече Ердоган во неодамнешното јавно обраќање.
Со изведување на џума на 24 јули, Аја Софија во Истанбул ќе биде отворена за молитви по 86 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.