Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја предупреди Грција дека ќе мора да влезе во разговори за спорните делови на источен Медитеран или да се соочи со последиците.

– Или ќе го разберат јазикот на политиката и дипломатијата или ќе се соочат со болни настани на теренот, рече Ердоган на церемонијата на отворање болница во Истанбул.

Ердоган рече дека Грција ќе сфати дека „Турција има политичка, економска и воена моќ да кине неморални мапи и наметнати документи“, кои се однесуваат на областите во источниот Медитеран, што Грција и Кипар ги означија како нивни економски зони.

Турскиот претседател истакна дека Турција е подготвена на секоја можност и резултат.

Грција и Турција спорат околу морските граници по откривањето наоѓалиште за гас, а двете земји спроведоа неколку воени вежби во последните неколку недели.

Анкара тврди дека Грција нема право да експлоатира гас



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.