Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше со основачот на Тесла и Спајс екс, Илон Маск, јавува агенцијата Анадолија (АА).
Според соопштението на Кабинетот за комуникации на претседателот на Турција, двајцата разговарале за насоките на соработка меѓу институциите од јавниот и приватниот сектор во Турција со компанијата на Маск во различни области, особено во сателитски и вселенски технологии.
Тие разговараа и за електричните автономни возила и прашања од дигиталната економија, како и за долгорочни инвестиции и чекори кон подобрување на постоечката соработка.
Ердоган и Маск разговараа и за заедничките чекори што би можеле да се преземат во врска со литиумските батерии на првиот турски електричен автомобил TOGG.
Откако Турција го лансираше сателитот Турксат 5-А во вселената во јануари во соработка со Спејс Икс, се разговараше и за процесот на лансирање на сателитот Турксат 5-Б во вселената.
За време на разговорите, Ердоган го привлече вниманието и на другите активности што Турција ги спроведува во рамките на Националната вселенска програма.
Турција планира да испрати мисија на Месечината во 2023 година како дел од нејзината амбициозна Национална вселенска програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.