Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Турција можеби ќе мора повторно да ја отвори рутата за мигранти кон Европа, доколку Анкара не добие доволна меѓународна поддршка за решавање на проблемот со сириските бегалци.

Во говор во Анкара, Ердоган, исто така, кажа Турција е одлучна до крајот на септември да ја создаде „безбедносната зона” на североистокот од Сирија, во партнерство со САД, но е подготвена и самостојно да делува доколку тоа биде потребно, јавија британските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.