Вистинска драма се случувала над небото на хрватскиот град Дубровник кога авион на компанијата „Туркиш ерлјанс“ пријавил проблем со хидрауликата. Авионот неколку пати кружел над Јадранското море, а на крајот, слетал на аеордормот, но со отворени врати, јавува Авиорадар.
Сите служби на аеродромот во Дубровник биле на готовс, односно пожарникарите и брзата помош излегле веднаш на пистата.
Авиорадар јавува дека авионот слетал со отворени врати на предниот трап, а биле отворени вратите и на местата каде што се транспортира багажот.
Немало повредени лица, а немало ниту потреба да интервенираат службите. Авионот слетал во 7:50 часот наутро, а се обраќал на релација Истанбул – Дубровник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.