Авио компанијата Ер Србија објави дека од 21 мај ќе ги врати летовите на ограничен број дестинации, кон Лондон, Цирих, Франкфурт и Виена, и дека овие летови ќе бидат редовни.
Сè е подготвено, од следната недела нашите авиони ќе продолжат со редовен патнички сообраќај кон Лондон, Виена, Цирих и Франкфурт – изјави Никола Вукомановиќ од Ер Србија за Танјуг.
Тој додаде дека бројот на неделни летови ќе зависи од побарувачката на патниците, но и од ограничувањата на регулаторните тела во земјите кон кои лета Ер Србија.
Во исто време, работиме на обнова на регионалните линии и до крајот на денот или утре ќе се знае за кои градови во регионот ќе летаме, што може да дознаете и од редот на летање на нашиот сајт – кажа Вукомановиќ.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, според објавениот распоред на летови за периодот од 21 мај до 14 јуни, објавен на веб-страницата на „Ер Србија“, може да се види дека летовите кон земјите од регионот ќе започнат од 1 јуни.
Според објавениот распоред, од 1 јуни „Ер Србија“ ќе лета кон Подгорица и Тиват, од 4 јуни до Сараево, од 5 јуни до Бања Лука и Љубjана, а од 7 јуни до Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.