Противниците на устоличувањето на црногорско-приморскиот митрополит Јоаникиј во Цетински манастир победија. Нема да има устоличување на Цетиње. Претседателот Ѓукановиќ, Дритан Абазовиќ и премиерот Кривокапиќ го предомислиле Јаоникие и тој го откажал устоличувањето.
Претходно, Демонстрантите сооштија дека ќе ги спречат српскиот патријарх Порфириј и митрополитот Јоаникиј да пристигнат во Цетиње. Се поголем број на луѓе се упатуваат кон центарот на градот.
Демонстрантите денеска го блокираа патот Цетиње – Подгорица. Тие исто така се блокирани и сите приоди кон Цетиње, истурајќи шут, камења, и поставија автомобилски гуми и контејнери.
Денеска беше блокиран и патот кон Будва, со цел да се спречат граѓаните од Херцег Нови и од Тиват да присуствуваат на вечерашната литургија што се одржа пред Храмот на Христовото воскреснување во Подгорица.
Демонстранти соопштија дека ќе ги запалат автомобилските гуми што се поставени на барикадите, ако полицијата се обиде да ја отстрани блокадата.
Претходно на кружниот тек во Цетиње демонстрантите се судрија со полицијата.
Црногорската полиција соопшти дека безбедносната ситуација во Цетиње е неповолна и ризична.
Во Цетиње претходно пристигна претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Претходно и беше најавено дека премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ и вицепремиерот Дритан Абазовиќ ќе побараат од патријархот Порфириј и митрополитот Јоаникиј да го преместат устоличувањето од Цетиње во Подгорица поради наводни можни инциденти.
Додека митрополитот Јоаникиј изјави дека устоличувањето ќе се одржи во Цетинскиот манастир, како и дека превозот до Цетиње ќе биде организиран во договор со полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.