Едно лице загина при експлозија која одекна утрово околу 7 часот во станбена зграда во центарот на Загреб.

Безживотното тело е пронајдено во еден од становите на зградата. На местото на инцидентот се наоѓаат екипи на итна медицинска помош, на полицијата и пожарникари.

Засега нема информации за други жртви или повредени лица, ниту е позната причината за експлозијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.