Плинска боца експлодираla на улицата Чика Љубина во центарот на Белград, поради што е демолиран цел локал, а неколку лица се повредени. Пет луѓе се пренесени во Ургентниот центар, од кои едно е на интензивна нега.

Наводно станува збор за случајни минувачи, а се стравува дека во барот има повеќе повредени лица, објави „Телеграф.рс“.

Како што пренесува порталот, пожарот е локализиран и повеќе нема опасност по животната средина.

Фактот што експлозијата исфрлила едно лице на тротоарот покажува колку била силна детонацијата.

Граѓаните кои се нашле на оваа локација на социјалните мрежи пишуваат дека сè било како во некој хорор филм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.