Серија силни силни експлозии ги разбудија жителите на Чачак во Србија, синоќа околу 1.30 часот. Како што објави „Б92“, експлодирал магацин за топовски гранати во Придворица.

Спортед извештаите, екипите на итната помош, полицијата и пожарникарите чекале експлозиите и пожарот да стивнат за да може да влезат во магацинот.

Во експлозиите нема повредени, ниту жртви, а безбедно се евакуирани работниците од третата смена во фабриката „Слобода“.

Една работничка сведочи дека во моментот на експлозија била во фабриката.

Со уште седум колеги работевме во погонот на режење кога се случи експлозијата. Успеавме да се извлечеме и да дојдеме до една зграда и да влеземе во подрумот од бетон. Таа зграда нема прозорци и буквално е вкопана во земја – сведочи таа за српските медиуми.

Мештаните сведочат дека морале да побегнат од дома, а од експлозијата испукани се стакла на околните куќи.

Еден час по првата експлозија се уште се слушале детонации, а летале шрапнели на сите страни.

Утрово се слушаат изолирани детонации, а според правилата за безбедност, спасувачките екипи смеат да влезат во зградата 24 часа по последната детонација. Не се знае причината за експлозиите и пожарот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.