Сплит синоќа бил потресен од експлозија откако била подметната бомба под возило. Како што соопштија од полицијата, експлозијата се случила околу 1 часот.
Едно лице (38) побарало здравствена помош, иако подоцна било потврдено дека не бил повреден. Во експлозијата настрадале и уште неколку автомобили кои биле паркирани во близина.
Полициската истрага е во тек.
Полицијата го осигураа местото на настанот и ќе направат увид. Околу случајот е надлежно државното обвинителство и во тек е криминалното истражување – изјавија од полициската управа на Сплит.
Како што пренесува „Далматински портал“, лицето на кое му припаѓало возилото, од порано и е познато на полицијата по разни казнени дела, а пред шест години бил брутално претепан од тројца напаѓачи во центарот на Сплит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.