Во белградската населба Дедиње, во градски автобус на линијата 78, утрово се случила несреќа кога во возилото експлодирал компресор поставен над средната врата, јавуваат српските медиуми.

На терен веднаш излегле три екипи на брзата помош, а според последните информации во автобусот биле повредени 6 патници, меѓу кои имало и едно бебе.

Како што може да се види од фотографиите и видео снимките, од експлозијата се скршил еден од прозорците, а силината на експлозијата може да се види и според нанесената штета на останатите делови од автобусот.

Српските медиуми објавија дека има повредени, а дека во автобусот имало патници најмногу на ворзаст од 50 до 80 години, но и мајка со бебе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.