Експлодира локомотива со отров во Бујановац, на луѓето не им дозволуваат да излезат надвор!

Полицијата им забрани на жителите од селото Левосоје да излегуваат од куќите поради опасноста на ширење на штетната материја од возот.

Спрема најновите информации, полицајците со гас-маски не им дозволуваат на граѓаните да ги напуштаат своите домови, бидејќи се наоѓаат опасни материи во возот. Сите патишта во ова подрачје се блокирани, а спрема последните информации, пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот во локомотивата.

Различни научници се обидувале да дадат точна дефиниција за отров, со која би ги опфатиле сите супстанци што традиционално се сметаат за отрови, но не и супстанциите што традиционално не се такви:
„Отрови се супстанци што по својата физичка или хемиска природа се такви што кога ќе влезат во крвта или во човековиот организам и таму ќе останат, предизвикуваат минливи или трајни нарушувања“ (Клод Бернар)
„Отрови се супстанци што по својата хемиска природа, количината и концентрацијата се туѓи за човековиот организам или за пооделни органи, и затоа предизвикуваат функционални нарушувања во живиот организам“ (Штаркенштајн)
„Отрови се хемиски супстанци создадени надвор од живиот организам, или оние што ги лачат живите суштества (токсини), а кои внесени во човековиот организам можат да предизвикаат, под извесни услови, болест или смрт“ (Левин)
„Од практична гледна точка, за отров можеме да ги сметаме оние супстанци кои внесени во количини помали од 5 g или 5 ml можат да предизвикаат лоша здравствена состојба, заболување или смрт“ (Ки)
Додека првите три дефиниции се преопширни и ги опфаќаат скоро сите супстанци, последната е прекратка, па не ги опфаќа, на пример, етанолот или супстанците кои предизвикуваат хронични труења.
За да се избегне давањето општа дефиниција за отровот, денес за секое соедниние посебно се дефинира токсичната и смртоносната доза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.