Криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ имала по се судејќи, преку своите ментори од МУП на Србија, заштита и од некои амбасади во Белград.

Имено пред резиденцијата на една од нив, на Дедиње, припадниците на оваа екипа грабнале жртва, но никој од персоналот не реагирал, ниту пак случајот го пријавил на државните органи.

Интересно е да се спомене дека резиденцијата е украсена со бројни камери за видео надзор, кои покриваат дури и километри наоколу. Сепак, ниту еден момент, никој од обезбедувањето не само што не му помогнал на момчето, туку и ги затвориле очите пред тешкото кривично дело, не пријавувајќи ништо. А доказите од снимките, веројатно се уште ги чуваат, од само ним знаени причини, не доставувајќи ги на државните органи.

Дека Беливук и Миљковиќ се чувствувале безбедно во близина на амбасадорските зданија, говори фактот дека становите во кои ги завршувале валканите работи, биле токму во нивна непосредна близина.

Инаку истрагата открила уште една куќа на смртта во околината на Белград, во која криминалната банда се прсеметувала со соперниците.

Таа е крај Дунав, а опретивните сознанија говорат дека во неа се парчосувале телата на убиените и ги фрлале во река.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.