Екипа на Првата програма на Радио Белград била приведена вчера во КПС Јужна Митровица и задржана шест часа, а како што јави РТС причината за тоа не е позната.

Полицијата го запрела и детално го пребарувала службеното возило на РТС.

Целиот тим беше однесен во станицата во Јужна Митровица на сослушување, каде им беа одземени мобилните телефони – соопшти РТС.

По шест часа тие биле ослободени и наводно им било укажано дека треба да се вратат во северниот дел на Косовска Митровица, бидејќи не е безбедно да продолжат кон Грачаница, каде што тргнале.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.