Европската Комисија одблиску ги следи случувањата во северниот дел на Грција со групата бегалци и мигранти кои се упатиле кон Солун и наводно се обиделе да пробијат полициски кордон и да се упатат кон Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ги следиме одблиску случувањата и во постојан контакт сме со надлежните грчки власти и агенциите на ЕУ – изјави портпаролката на ЕК, Тове Ернст.

Според информациите објавени во медиумите, околу петстотини бегалци, пред сѐ жени и деца, вчера се упатиле кон Солун поради лажна вест според која границата кон балканската рута ќе се отвори.

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, исто така е во контакт со властите во Грција, нагласија од Европската Комисија.

Добивме уверување од грчките власти дека тие се мобилизирани за избегнување на нерегуларни движења, ќе продолжиме да вршиме мониторинг во текот на денот – изјави Ернст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.