Првичните неофицијални резултати од денешните парламентарни избори во Албанија покажуваат дека владејачката Социјалистичка партија на актуелниот премиер Еди Рама е во водство.

Според „Топ ченл“, засега Рама е во водство со освоени 46,9 проценти од гласовите. Опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша, пак, има 43,5 проценти. Движењето за социјалистичка интеграција има 6,9 отсто од гласовите.

Сепак, резултатите со кои излегуваат медиумите се различни. Засега, не е јасно дали Рама би можел да добие мнозинство од 71 пратеник во парламентот кој брои 140 пратеници.

Како што пренесува „Алсат“, според едни, социјалистите освоиле точно 71 пратеник, но според други, имаат двете опозициски партии, Демократската и Социјалистичкото движење за интеграција, заедно имаат повеќе мандати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.