Албаскиот премиер Еди Рама со протест бил пречекан во Лондон, каде се наоѓа во официјална посета.
Според албанските медуми членови на огранокот на албанската опозициска Демократска партија (ПД) во Лондон, поддржани од албански граѓани кои живеат и работат во британската метропола, прво се собрале пред хотелот каде престојува Рама а потоа и пред салата каде се одржува средба на која учествувал премиерот.
Во моментот кога премиерот Рама излегол од автомобилот, еден од учесниците извикал „измамник”, на што Рама реагирал со иронична насмевка.
Учесниците извикувале „Рама оди си“ а носеле и плакати на кои го пишува истото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.